Полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле 21-годишниот Ч. С. од селото Големо Коњари, Прилепско, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основниот суд – Прилеп, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, повеќе куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело – соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.