Пронајдени стари неексплодирани убојни средства во Гевгелиско

25

Кај селото Моин, Гевгелиско, во близина на границата со Грција, пронајдени се стари неексплодирани убојни средства, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информацијата, веднаш бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР) – Струмица, кој безбедно ги отстранил неексплодираните убиствени средства.

Од ЦУК апелираат до граѓаните, кога ќе најдат неексплодирани убиствени средства од минатите војни, да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК за нивно безбедно неутрализирање, според стандардни оперативни постапки.