Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион на Алјаска: Сите 10 патници се мртви

256

Американската крајбрежна стража пронашла остатоци од мал авион на Алјаска за кој било утврдено дека ненадејно изгубил висина и се урнал, при што загинале сите 10 патници.

Зимските услови и ниските температури ја отежнаа потрагата, а се очекува да бидат потребни часови или денови за да се извлечат телата на загинатите од местото на несреќата, на педесетина километри од градот Ноум, јавува Гласот на Америка.

Одделот за јавна безбедност на Алјаска соопшти дека едномоторниот Bering Air Caravan патувал од Јуналаклит до Ноум со девет патници и пилот во четвртокот.

ИЗДВОЕНИ