Пронајдени црви во Бајадера, се огласија од „Краш“/ФОТО

101

Во бајадера купена минатата недела во Интерспар во Копривница, Хрватска, биле откриени црви. Слична ситуација се случила со бајадера купена на истото место во јануари, а потоа повторно на крајот на јуни.

Производителот „Краш“ ја негира својата вина, наведувајќи дека нивните производи се чувствителни на условите за складирање.

Купувачите пронашле црви кај бајадерите во јануари годинава, потоа во јуни, а последниот случај бил пријавен минатата недела, се наведува на Фејсбук страницата на здружението на потрошувачи „Ало, инспектор“, пренесува Index.hr.

Во фабрички спакувана амбалажа на популарната бонбона, со соодветен рок на траење – до 02.01.2025 година имало масни, бели црви!“, објави на Фејсбук здружението на потрошувачи „Ало, инспекторе“, додавајќи дека црвите кои се појавија на почетокот на зимата беа кафеави и долгнавести, додека сега се дебели и бели. Со објавата беа објавени и фотографии.

„Краш“ реагираше брзо, нагласувајќи дека многу од нивните производи се чувствителни на условите за складирање.

„Во Бајадера постои можност од „наезда“ контаминација поради неправилно складирање,  доколку условите за складирање се несоодветни или ако производот се чува блиску до материјали со брашно“, истакнаа тие.

„За жал, не можеме целосно да ги контролираме пазарните услови“, додаваат тие.