Пронајдена мина од 580 килограми во Јадранот: „Лежела“ во зона преполна со капачи

169
screenshot Nova.hr

Во пристаништето Дајла на Истра од морето вчера е извлечена мина тешка 580 килограми, полна со експлозив. Пронајдена е на длабочина од само четири метри, во област која во летниот период е преполна со капачи.

Противбродската мина останата од Втората светска војна во четвртокот беше отстранета од морето кај пристаништето Дајла кај Новиград во Истра, по напорна операција.

Подготовките за извлекувањето на мината траеја со денови. Мината тежела повеќе од половина тон, а во неа имало речиси 300 килограми експлозив. Со години лежела на длабочина од само четири метри.

А, се претпоставува, велат од полицијата, дека рибар ја довлекол заплеткана во мрежи до пристаништето Дајла.

Се наоѓаше во област која е преполна со капачи во текот на летото – и имаше дијаметар од повеќе од еден метар. Бидејќи се оштетени „роговите“ преку кои се активира, велат од полицијата, за среќа не била опасна.

Мината е префрлена во безбедносната зона, каде што е демонтирана и уништена.

ИЗДВОЕНИ