Пронајдена е 12-годишната Амела, која исчезна во Хрватска – полицијата не дава детали

155

Девојчето Амела Јелениќ (12) е пронајдено вчера во попладневните часови, објавија хрватските медиуми.

Амела исчезна вчера во Годињак кај Нова Градишка. Таа вчера се оддалечила во непознат правец и оттогаш и се губи секаква трага, соопшти полицијата, заедно со фотографија од девојчето.

Бидејќи се работи за дете, полицијата не соопштува дополнителни информации за пронаоѓањето.