Пронајдена двегодишната Дуња Марковиќ од Уб

1560

Девојчето Дуња Марковиќ, кое исчезна во Уб, е пронајдено живо, соопштија за Танјуг од Планинската спасувачка служба.

Како што пишува Танјуг, девојчето било пронајдено недалеку од куќата.

Малото девојче Дуња Марковиќ (2) исчезна во понеделникот попладне во Уб додека си играше со своите браќа и сестри пред семејниот дом.

Во потрагата по девојчето беше вклучена цела Србија, а синоќа по трет пат од неговото лансирање се активираше системот Најди ме.

ИЗДВОЕНИ