Тело на непознато лице е пронајдено во авион на Јунајтед ерлајнс кој летал од Чикаго за Хаваи, соопштија официјални лица.
Авионот полетал од меѓународниот аеродром О’Харе во Чикаго околу 9:49 часот во вторникот и пристигнал на аеродромот Кахулуи околу 14:12 часот, според авиокомпанијата.
Телото е откриено во опремата за слетување на Боинг 787-10, област достапна само надвор од авионот, изјави за The Post United Airlines.
Официјалните лица веднаш немаа објаснување за страшното откритие. Според неофицијални информации, се работи за тело на машко лице.
Она што сè уште е мистерија е како и кога лицето влегло таму. Од авиокомпанијата соопштија дека за овој случај соработуваат со полицијата и надлежните.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и ќе објави повеќе информации за јавноста кога ќе ги има.
Dead body found lodged in wheel well of United Airlines plane in Maui on Christmas Evehttps://t.co/xPpr8GBwps
— BREAKING NEWZ Alert (@MustReadNewz) December 25, 2024