Јавно комунално претријатие на Општина Илинден „Водовод“ се поднови со ново возило, цистерна за фекални отпадни. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5 кубни метри.
На промоцијата на возилото, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите.
-Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50 километри фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците – изјави Георгиевски.
Тој додаде дека, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со обновувањето на возниот парк на општинските јавни претпријатија.