Општина Кисела Вода денеска промовираше неколку проекти во централното и подрачното основното училиште ,,Круме Кепески”.
Станува збор за изведување на градежни активности за реконтрукција на влезот на подрачното училиште, каде што целосно се обновени скалите кои претходно беа речиси уништени, а поставена е и нова настрешница.
– Како новитет, во подрачното училиште изграден е тоалет за дечињата со попреченост, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за еднаквост и инклузија на територијата на целата општина – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека инвестициите продолжуваат и во централното училиште ,,Круме Кепески”, каде што целосно се опремени две училиници за целодневна настава со клупи, столчиња и инвертар, како и дополнително уште две нови училници.
Поставен е и нов под, кој со години не беше променет. Ова не е прво вложување во ова училиште.
– Претходно, во централното училиште изградивме нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева и детско игралиште со нова урбана опрема, сензорна соба која значително го унапреди образовниот процес на дечињата со попреченост, смарт табли за подрачното училиште, ги опремивме сите училници и кабинети со смарт уреди во централното, нови кабинети по информатика, уште еден спортски центар во подрачното училиште, пречистивачи за воздух итн – информираше Ѓорѓиевски.