Промовирана книгата „Се викам храброст“ – содржи 50 инспиративни приказни за македонските хероини

28

Книгата за деца и млади „Се викам храброст“, во издание на „Арс Ламина – публикации“, која деновиве се промовираше, содржи 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, од Сирма Војвода, преку Невена Георгиева-Дуња, Вера Јоциќ,  Вера Ацева, Атина Бојаџи, Милка Ефтимова, па сѐ до Илина Арсова, Ема Ананиевска и други.

-Ова дело зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои го посветиле животот или пак го дале својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа. Сите личности застапени во оваа книга се избрани мошне внимателно за да послужат како поттик на младите читатели во пронаоѓање на целта на сопствениот живот. Низ овие инспиративни приказни, во кои преовладуваат ентузијазам и храброст, тие треба да се охрабрат и да согледаат дека трудољубивоста и пожртвуваноста за постигнување одредена цел носи огромно задоволство и високо чувство на самопочит, посочуваат од „Арс Ламина – публикации“.

ИЗДВОЕНИ