Промовиран дигиталниот прирачник за социјално претприемништво за професори, во гимназијата „Р. Ј. Корчагин“

37

Во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, пред професори и обучувачи од невладините организации, денеска беше промовиран дигиталниот прирачник за социјално претприемништво, филантропија со дигиталните алатки: вештачка интелигенција, канва, селфи и други за професори.

Станува збор за завршен настан од Еразмус-проектот „Students todey responsible entrepreneurs tomorrow-teacher toolkit 2“, во кој, освен гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, се вклучлени и невладината организација „Арна“ од Македонија, гимназија од Литванија, од Италија и невладина организација од Романија. Тие заедно го подготвија овој прирачник.

Професорката по англиски јазик и по иновации и претприемништво, Татјана Голчева, од која, всушност, и потекнува идејата за овој прирачник, истакна дека тој ќе служи за сите професори и тоа не само за оние што предаваат претприемништво туку и за оние што ќе можат да применат некои од дигиталните алатки во наставата.

– Прирачникот содржи готови часови по различни предмети, со моменти од социјалното претприемништво и од филантропијата – нагласи Голчева.    

Помошник-директорката на гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ и професорка по економија, Лидија Стојчева, наведе дека дигиталниот прирачник е преведен на македонски, романски и на литвански јазик, може да се најде на веб-страницата на проектот stret.tt.2 и е бесплатен за користење.

(А.П.) 

ИЗДВОЕНИ