Промоција на книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска во ДПМ

23

Во Друштвото на писателите на Македонија, во вторник, на 8 април, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоција на критичко-есеистичката книга „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска.

Промотори на книгата, што е во издание на „Макавеј“, ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски.

„’На врв од острицата’ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат критичарската активност на авторката во текот на повеќе од две децении.
Она што ги обединува овие текстови е живиот, страстен и едуциран интерес на Спасовска за македонската литература и во тие рамки, доминантно за поезијата. Токму таквиот фокус ѝ придодава посебно значење на оваа книга, која со самиот наслов ја манифестира тенденцијата да биде валоризаторски аналитична, прецизна и јасна.
На околу триста страници, авторката загатнува низа значајни проблемски пунктови и преку анализите и коментарите првенствено придонесува за опфатно и квалитетно толкување на македонската современа поезија, како и на поопштите процеси и појави во македонската литература, но и на некои глобални културолошки феномени“, ќе запише Стојменска Елзесер за книгата.

ИЗДВОЕНИ