Променливо облачно со повремемени врнежи од дожд, особено попладне

19

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во наредните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.

ИЗДВОЕНИ