Во тек е редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територијата на општина Карпош.
Како дел од рутинските активности за одржување на јавната хигиена, со процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација се опфатени сите основни училишта и детски градинки.
-Локалната самоуправа ја презема оваа активност секоја година на пролет и есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина – велат од Општина Карпош.