„Сврти се, сврти се, погледни што направи, извикаа родителите на убиените во масакрот во селата Мало Орашје и Дубона при изрекувањето на пресудата на Урош и Радиша Блажиќ, кои денеска беа осудени на 20 години затвор!
Според „Блиц“, судницата во Специјалниот суд во Белград, била пополна од кога било со членови на семејствата и семејствата на младите жртви.
Кога судијата почна да ја чита пресудата, настана молк.
Во моментот кога судијата почнал да го чита степенот на повредите на жртвите, прво во Мали Орашје, се слушнало липање. Родителите, сите до еден плачеа. Набрзо се слушнаа и првите реакции на семејствата.
„Сврти се, сврти се, погледни што направи“, плачеа родителите во солзи. Едни на други се говореа дека се уште не се свесни што им направил Урош Блажиќ.
Низ судницата одекна „Проклети да сте Блажиќ“.
За сето тоа време Урош Блажиќ молчеше, немаше друга реакција освен „кршење“ на прстите.
Урош Блажиќ осуден на 20 години затвор: Покажал бруталност и отсуство на секаква емпатија