– Видовме дека производите се означени со ознаката, тие производи што се ставени на листата се намалени за 10 проценти и повеќе. Ме радува фактот што за многу кратко време бројката на производи достигна над 1.100 од 95 трговци на 42 ланци на маркети, изјави Дурмиши. Тој апелира трговците да ја почитуваат мерката како што рече, до крај, а од Државниот пазарен инспекторат посочија дека граѓаните се најголеми инспектори и ги повика да пријават неправилности

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти и повеќе. Лично во ова се уверија министерот за економија, Бесар Дурмиши, кој со неговиот заменик Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојаноски, посетија неколку скопски маркети.

– Видовме дека производите се означени со ознаката, тие производи што се ставени на листата намалени се за 10 проценти и повеќе. Ме радува фактот што за многу кратко време бројката на производи достигна над 1.100 од 95 трговци на 42 ланци на маркети – изјави Дурмиши.

Дурмиши апелира трговците да ја почитуваат мерката како што рече, до крај, а покрај Државниот пазарен инспекторат посочи дека граѓаните се најголеми инспектори и ги повика да пријават неправилности.

– Оваа мерка беше на иницијатива на трговците,  производителите и дистрибутерите, поддржана од страна на Владата. Државниот пазарен инспекторат е на терен за да види дали се спроведува. Апелирам до сите трговци да ја почитуваат мерката додека трае до 15 јануари 2025 како што ја почнаа првите денови затоа што ова е нивна мерка. Најголеми инспектори се граѓаните, ако забележат изигрување на цените да се јават на бесплатниот број 191 – рече Дурмиши.

Државниот пазарен инспекторат регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 проценти во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата. Листата со производи од акцијата, како што соопштија, од стартните 600 надминала 1.100 и е отворена.

– Во овие пет дена ДПИ регистрира ситни забелешки во смисла на означувањата и ситни корекции на цените кај два-три трговски субјекти. Не се забележани неправилности во поголеми размери. Можам да заклучам дека сите чинители во овој процес го почитуваат договореното – изјави Стојкоски.

Акциската листа опфаќа леб и житарки, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напивки, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго. Тие производи на полиците во трговските ланци треба да бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Покрај новогодишна кошница, Владата најави и велигденска и рамазанска.

Фото: Ѕвонко Плавевски

ИЗДВОЕНИ