Произведени околу 34 илјади МWh зелена енергија

82

Според податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, минатиот месец од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 33.822 МW/h.

Притоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 17.281 МW/h, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 616 МWh, од две ветерни електрани произведени се 12.601 МW/h и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.323 МW/h.

– Учеството на електрична енергија од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 4,51%. Вкупно инсталираната моќност од повластени производители на електрична енергија од обновливи извори изнесува 177.842 МW – велат од МЕМО.

Во однос за тргување со електрична енергија ден однапред, минатиот месец истргувани се вкупно 130.168 МW/h, по просечна цена од 8.819 денари (143 евра)/ МWh.

– Согласно податоците за месец јануари, го постигнавме најголемиот истргуван месечен обем на електрична енергија од стартот на македонската берза на електрична енергија на 10 мај 2023 година. Дневно, во месец јануари, просечно истргувана е електрична енергија од 4.198 МWh. За време на дневниот пик, во период од 09:00 до 20:00 часот истргувани се 2.297 МWh електрична енергија, по просечна цена од 9.780 денари (159 евра)/ МWh – информираа од МЕМО.

ИЗДВОЕНИ