Проговори и принцот Вилијам откако Кејт објави дека е во ремисија!

527
EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Принцот Вилијам за прв пат проговори откако Кејт Мидлтон објави дека нејзината болест е во ремисија. Принцот Вилијам на конференцијата во Бирмингем изрази благодарност за „извонредната“ работа на здравствениот персонал. Тој го посвети својот говор на службите за итни случаи во донесувањето ефективни одлуки под притисок и им даде поддршка.

Во вторникот принцезата проговори и рече дека сега и е „полесно бидејќи е во ремисија“ од рак, додека им се заблагодари на персоналот во болницата Кралската Марсден за нивната исклучителна грижа.

„Сакав да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на Кралскиот Марсден што толку добро се грижеше за мене во текот на изминатата година. Срдечна благодарност до сите оние кои тивко чекореа покрај мене и Вилијам додека поминувавме низ ова. Не можевме да бараме повеќе од то.а. Негата и советите кои ги добив како пациентка беа исклучителни. Во новата улога како заеднички покровител на болницата The Royal Marsden, мојата надеж е дека поддржувајќи ги револуционерните истражувања и клинички успеси, како и промовирајќи ја надежта за пациентите и нивните семејства, можеме да спасиме уште многу ѓивоти и да го трансформираме искуството на сите кои се погодени со ракот“, напиша принцезата на Инстаграм.

ИЗДВОЕНИ