Здравствената агенција на Африканската унија прогласи вонредна состојба низ африканскиот континент поради ширењето на вирусот „мпокс“, порано познат како мајмунска сипаница, изјави генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја.

Касеја на прес-конференцијата рече дека големите сипаници зафатиле илјадници луѓе ширум африканскиот континент, поради што цели семејства се разделени, пренесе „ТАСС“.

Здравствените експерти објавија дека новиот бран на „мпокс“ во Африка е предизвикан од брзото ширење на мутираната верзија на вирусот што се шири побрзо и полесно преку близок човечки контакт.

Демократска Република Конго е во епицентарот на новиот епидемиски бран, а од почетокот на годината во оваа земја се регистрирани повеќе од 13.000 заразени лица, што е речиси 80 отсто од вкупниот број на заразени во 2023 година.

Владата на Конго во јули објави дека 450 луѓе починале од оваа болест.