Списанието „Food and Travel“ го прогласи Берлин за град на годината благодарение на неговата богата и разновидна гастрономска понуда. Овој град ги победи Бордо, Кејп Таун, Дубровник, Сеул, Сиднеј, Токио и Цирих.

За ова признание својата среќа ја изрази Буркард Кикер, кој работи за туристичкиот портал „Visit Berlin“.

„Воодушевени сме што читателите го препознаа кулинарскиот потенцијал на Берлин. Оваа награда покажува како храната стана вистинска причина за патување“, рече тој.

Берлин долго време е познат по својата фантастична храна, најмногу поради многубројните бранови на миграција. Се вели дека турските имигранти го измислиле донер ќебапот во Кројцберг во 1970-тите.

По падот на Берлинскиот ѕид, овој град повторно се етаблира како гурманска метропола. Дури и во поранешните источни области, како што се Мите или Пренцлауер Берг, денес има бројни ресторани со меѓународна понуда.

Покрај горенаведеното, „Food and Travel Magazine“ ги прогласи најдобрите дестинации за долги и кратки патувања. Јужна Африка ја презеде титулата топ дестинација за долги патувања, а Шпанија за кратки патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by visitBerlin (@visitberlin)