Премиерот Ѓуро Мацут нема профил на ниту една социјална мрежа, соопштија од Владата на Република Србија.
Како што предупредија од владата, „профилот ‘Djuro Macut Đuro Macut’ на социјалната мрежа „Х“ исто така е лажен и е во тек на затворање“.
Исто така, се наведува дека Владата на Србија „ го пријавила до надлежните државни органи ова незаконско користење на името и презимето на премиерот“.