СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(59) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „насилство врз дете“.
На 06.02.2025 во училница во средно училиште во Кочани, додека одржувал настава, пријавениот физички и со метален предмет нападнал 17-годишен ученик.