EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Војната меѓу Макс Верстапен и Џорџ Расел, која започна на трката за Големата награда на Катар минатата недела, продолжува.

Холанѓанецот потоа изјави дека ја загубил почитта кон Расел, бидејќи им се пожали на стјуардите дека го забавува, подготвувајќи се за брз круг во квалификациите. Како резултат на тоа, Верстапен ја загуби пол-позицијата и мораше да стартува зад Расел во Катар.

Сепак, не го спречи тоа да оствари убедлива победа. Пред трката во Абу Даби, која се вози овој викенд, се огласи Расел.

  • Ја слушнавте само неговата страна од приказната. Во саботата по квалификациите, ми кажа дека намерно ќе заобиколи и дека ќе ми ја скрши главата од ѕид! Нема да молчам за такви работи. Никој не ги доведува во прашање неговите возачки квалитети. Сепак, очигледно е дека не може да се справи со некои работи – изјави Расел.

Британецот истакна дека Верстапен со години ги малтретира возачите во Формула 1.

  • Тој мисли дека секогаш сè треба да биде по негово. Гледате како се однесува со луѓето во Ред бул. Доминираше со години. Веднаш штом дојде најлошиот период, ги обвини своите луѓе дека не ја завршиле добро работата. Тој не цени никого, освен себеси. Тој е одличен возач, но не може да оди наоколу зборувајќи секакви работи и да очекува од мене да молчам – порача Расел.

Сосема очекувано, на оваа негова изјава се огласи и четирикратниот светски шампион, кој го демантираше.

  • Тој наведува работи на кои не може да се повика. Имаат ли смисла таквите работи? Тоа што се случуваше со редарите, исто така. Тој инсинуираше голем број работи што немаат апсолутно никаква смисла. Секако, го протолкува тоа со свои зборови, се огради Супер Макс од обвинувањата за закани за насилство.

Холанѓанецот потоа ја претстави својата верзија на приказната и ја искористи можноста да го испровоцира Британецот.

  • Не беше толку драматично, но, можеби, ќе биде следниот пат. Треба да го земеме предвид тоа. Следниот пат ќе донесам марамчиња – му се потсмеваше Верстапен на возачот на германскиот тим.