– Ова е само почеток. Со поддршката на Владата продолжуваме да градиме општина која ги става граѓаните во центарот на развојот. Шуто Оризари веќе е пример за одржлив урбан развој – каде што функционалноста се спојува со естетиката, а инфраструктурата е дизајнирана да ги исполни потребите на идните генерации. Со овие проекти ги намалуваме сообраќајните нереди, ја подобруваме безбедноста, намалуваме загадувањето и активно придонесуваме за заштита на животната средина, вели градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш

 

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги известува граѓаните дека продолжуваат работите на реконструкција на улица „Виничка“, во вкупна должин од 733 метри, дел од амбициозната инфраструктурна програма на Владата на Република Македонија.

Оваа инвестиција, во вредност од 9,7 милиони денари за самата улица „Виничка“, е дел од вкупната владина инвестиција од 1,1 милион евра наменета за модернизација на 24 улици во Општина Шуто Оризари.

Прва фаза, како што информира Дудуш, која го опфаќа првиот крак на улицата „Виничка“ е успешно реализирана, а жителите веќе можат да уживаат во: безбедни пешачки и сообраќајни зони (реконструирани тротоари и коловози), нова атмосферска канализациска мрежа со подобрена дренажа, асфалтирање според највисоки европски стандарди.

Во втора фаза, која е во тек, но и во поширокиот план, ќе се реконструира крак 2 на улицата „Виничка“, поточно, асфалтирање според највисоки европски стандарди, безбедни пешачки и сообраќајни зони (реконструирани тротоари и коловози).

Градоначалникот Дудуш најавува дека во наредниот период ќе бидат санирани уште 19 улици и ќе бидат реализирани уште четири проекти за атмосферска канализација

– Сите проекти се дел од стратегијата за трансформација на Шуто Оризари, во модерна урбана средина, со фокус на одржливост и функционалност – нагласи Дудуш.

Рокот за завршување на сите активности е септември 2025 година.

-Ова е само почеток. Со поддршката на Владата продолжуваме да градиме општина која ги става граѓаните во центарот на развојот. Шуто Оризари веќе е пример за одржлив урбан развој – каде што функционалноста се спојува со естетиката, а инфраструктурата е дизајнирана да ги исполни потребите на идните генерации. Со овие проекти ги намалуваме сообраќајните нереди, ја подобруваме безбедноста, намалуваме загадувањето и активно придонесуваме за заштита на животната средина – заклучи градоначалникот Дудуш.

 

ИЗДВОЕНИ