Продолжува потрагата по повозрасно лице од селото Степанци

31

Продолжува потрагата по исчезнатото повозрасно лице од селото  Степанци во Општина Штип. Тоа е пријавено за исчезнато на 7 април, а членовите на неговото семејство велат дека не дошло дома од 5 април.

Во потрагата учествуваат вработени во МВР Штип, во локалната самоуправа Штип и други институции и служби, здруженија и граѓани.
Лицето последен пат било видено во саботата, на 5 април. Повторно е пребаруван теренот околу селото Степанци и другите блиски села.

– Се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“ директно на своја територија вршат пребарување и индиректно, преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. Инаку, и жителите од околните села во тој реон самостојно пребаруваат во атарот на своите села – соопштија од Центарот за управување со кризи.

 

ИЗДВОЕНИ