Продолжува помошта и поддршката за настраданите од пожарот во Кочани и нивните семејства

31

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

-Во интензивна комуникација со релевантните институции се следи ситуацијата и се прават проценки на потреби за хуманитарен одговор. На пунктовите на Црвениот крст пред болниците во Скопје, Штип и Кочани, граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош – соопштија од Црвениот крст.

Граѓаните можат да добијат прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје.

Црвениот крст информира дека досега се обезбедни вкупно 6.484.916,00 денари.

Воедно, ќе се обезбеди помош и поддршка на лицата хоспитализирани во земјите во регионот во соработка со партнерските национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. При тоа, за лицата во болниците во Република Бугарија, Црвениот крст на Бугарија ќе овозможи транспорот, сместување, психосоцијална поддршка и друг вид на помош за членовите на семејствата на повредените лица. Информации за помош може да се добијат во Црвениот крст на Бугарија: (+359) 02 492 30 40 и Црвениот крст на Македонија: (+389) 71 341 985.

Информации за хоспитализираните лица може да се добијат на телефонскиот број на Министерството за здравство на Република Бугарија: (+359) 02 805 03 00.

За лицата пак во болниците во Република Србија, Црвениот крст на Србија ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Србија. Информации за помош може да се добијат во Црвениот крст на Србија: (+381) 62 880 15 18 и Црвениот крст на Македонија: (+389) 71 341 985. Додека, за лицата во болниците во Република Хрватска, Црвениот крст на Хрватска ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Хрватска. Информации за помош може да се добијат во Црвениот крст на Македонија: (+389) 71 341 985.

Од Црвениот крст на Македонија повикуваат и понатаму сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства преку: Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

Може да се донира и со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик), но и онлајн на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

ИЗДВОЕНИ