Екипата на Кливленд ја продолжи победничката серија со триумфот над Торонто од 132:126. Ова беше 12. последователна победа за избраниците на Кени Аткинсон, кои убедливо се на врвот во Источната конференција и во целокупниот првенствен пласман. Тимот од Охајо сега отиде уште подалеку – се израмни со петтиот најдобар учинок во историјата на лигата по 37 натпревари (33-4).
Кливленд на домашен терен е речиси недопирлив оваа сезона со скор од 20-1. По големата победа над Оклахома во првенственото дерби, Аткинсон ја одмори првата ѕвезда на тимот Донован Мичел, па Дариус Гарланд ја презема улогата и мечот го заврши 40 поени (14/22 од поле, 4/7 за три).