Општина Карпош во текот на денешниот ден продолжи со акцијата за подигање на стари отпадни (хаварисани) возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.
-Подигањето се изврши на територија на Тафталиџе 1 и тоа на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за негова дислокација е изминат – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму, повторно апелираат до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно тие ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени седум дена, а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.
Акцијата продолжува до конечно подигање на сите отпадни возила на територија на Општина Карпош