Оние кои патуваат стареат побавно – се чувствуваат и изгледаат помлади, вели една нова студија. Не е важно дали планираме да откриваме нови места, обичаи, култури или пак одиме на обичен или активен одмор…
Не е до возраста, километражата е. Патувањето не само што е забавно, туку помага и во борбата против знаците на стареење. Една нова студија од австралискиот универзитет Едит Кауан сугерира дека патувањето може да ја продолжи младоста.
Повеќето патувања се многу сложени, па запознаваме нови луѓе, земји, пејзажи, култури и стекнуваме нови животни искуства. Тоа ни дава можност да спиеме подобро, како и да учествуваме во различни активности.
„Туризмот не е само одмор и рекреација, тој придонесува за подобро физичко и ментално здравје“, вели водечкиот автор на студијата Фангли Ху.
Секое патување е полно со непознати и нови искуства, вистинска авантура.
Тоа се предизвици кои ги доживуваме надвор од нашата комфорна зона, кои се корисни бидејќи ни помагаат подобро да се движиме по непозната дестинација, подобро да ја планираме иднината, полесно да се запознаваме…
Нашата рутина станува уморна и здодевна со текот на времето, па патувањата се неизбежни и корисни.