„Продај го Винисиус, а потоа со тие пари ќе купиш три…“

280
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Кога Неимар играше во Барселона во своите најдобри години, од Париз пристигна неморална понуда од 222 милиони евра. И денес тоа е најголемата сума платена за еден фудбалер, а Барселона беше принудена да се откаже од големиот талент…

По Париз, Неимар замина во Саудиска Арабија, а сега на 32 години се враќа во својот матичен клуб Сантос. Изгледа дека времето му поминало, но заработил ненормални суми на пари.

Сега по овој пат би можел да тргне и Винисиус Јуниот, кој важи за поголем талент од Неимар, а тоа го докажува веќе неколку сезони во дресот на Реал (М). Угледниот весник „Diario AS“ објави дека се понудени дури 1,3 милијарди евра за крилниот напаѓач.

Саудијците многу добро знаат дека за доведување на Винисиус ќе бидат потребни невидени парични суми. За Реал (М) е подготвена сума од 300 милиони, а за Винисиус дури милијарда.

Угледниот новинар Сиро Лопез смета дека првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, треба да ја прифати понудата, а потоа да донесе три играчи од светска класа.

Поранешниот спортски водител на Телемадрид смета дека огромното мнозинство од навивачите на Реал (М) се за збогување со Винисиус и е многу јасно кои би можеле да бидат неговите замени доколку некој клуб од С.Арабија е подготвена да плати рекордно обештетување.

„Продај го Вини, па доведи го најдобриот стопер во Европа за 70 милиони евра, со 80 милиони евра може да го ангажираат најдобриот лев бек, а со остатокот од парите да ангажираат играч од средниот ред кој би го направил горе-долу тоа што го направи Тони Крос“, е поракат на Лопез до Перез.

 

ИЗДВОЕНИ