Обвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд во Скопје одговараше на вкрстени прашања од Јавното обвинителство. Тој негира дека има каква било поврзаност со насилни кривични дела и обвини за политички мотивирано гонење.
Според Палевски, целиот процес е „конструиран политички прогон“, а неговиот адвокат Јовица Страшевски, забележа дека прашањата на Обвинителството „не се релевантни за предметот, туку служат само за создавање слика во јавноста“.