Екипата на Лос Анџелес Лејкерс е во сериозни проблеми поради повредата на нивниот најдобар играч, Леброн Џејмс.
„Езерџиите“ играа брилијантно и имаа низа триумфи со тандемот Леброн – Лука Дончиќ, а потоа доживеаја неверојатен пех. Искусниот Џејмс заработи повреда и најверојатно ќе отсуствува подолг период. Имено, на шест минути пред крајот на натпреварот со Бостон, Леброн се здоби со повреда на препоните на левата нога. Прво се чинеше дека закрепнувањето ќе трае неколку дена, но според последните информации кои доаѓаат од САД, повредата е посериозна отколку што се мислеше.
- Прерано е да се каже кога Леброн Џејмс би можел да се врати, но извор на „ЕСПН“ му кажува дека Леброн ќе биде надвор од терените со недели, а не со денови, објави Дејвид Мекманаман од „ЕСПН“.