
Во Босна и Херцеговина и Израел имало бројни реакции по учеството на претседателот на РС, Милорад Додик, на Конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, пренесе Ал Џезира.
Некои израелски медиуми јавуваат дека Додик бил принуден да ја напушти Конференцијата.
Опозициските претставници во РС посочуваат дека Додик во еден момент бил отстранет од местото каде што седел и целата негова посета ја сметаат за скандалозна.