Признаено второ чудо на „божјиот инфлуенсер“ Карло Акутис: Католичката црква ќе го добие првиот светец заштитник на интернет

Акутис е прогласен за блажен во октомври 2020 година, бидејќи Ватикан пресудил дека со чудо спасил живот на едно дете. Црквата тврди дека тој интервенирал од небото во 2013 година за да го излечи бразилското момче кое имало вроден дефект на панкреасот, поради што не можело нормално да се храни. Ова е неговото прво признаено чудо. Второто поради кое станува светец  се однесува на заздравување на девојка од Костарика која претрпела траума на главата откако паднала од велосипед во Фиренца, Италија, каде што студирала. Нејзината мајка рекла дека се молела за закрепнување на нејзината ќерка на гробот на Акутис.

381

Католичката црква е на пат да го добие првиот светец – милениумец. Тоа е италијанскиот тинејџер Карло Акутис, кој почина од леукемија на 15-годишна возраст во 2006 година.

Неговото прогласување за светец доаѓа откако Ватикан му припиша едно чудо и го беатифицираше и го прогласи за блажен во 2020 година, а сега му прознава уште едно, иако познавачите велат дека папата Франциск практикувал да прогласи за светци и лица со едно признаено чудо.

Акутис, кој го добил прекарот божји инфлуенсер го сметале за компјутерски гениј, а својот талент тој го користел за да ја шири католичката вера, па веќе го викаат „светец заштитник на интернет“. До својата смрт тој раководел со веб-страницата на миланската епархија, а подоцна и на Академијата на Ватикан.

Интересно е тоа што тој не потекнувал од религиозно семејство, туку љубовта кон католичката вера му ја всадила неговата дадилка Полјачка.

Овој тинејџер бележел наводни чуда и помагал во водење на сајтовите на католичките организации. Акутис е прогласен за блажен  во октомври 2020 година бидејќи Ватикан пресудил дека со чудо спасил живот на едно дете. Црквата тврди дека тој интервенирал од небото во 2013 година за да го излечи бразилското момче кое имало вроден дефект на панкреасот, поради што не можело нормално да се храни. Ова е неговото прво признаено чудо. Второто поради кое станува светец  се однесува на заздравување на девојка од Костарика која претрпела траума на главата откако паднала од велосипед во Фиренца, Италија, каде што студирала. Нејзината мајка рекла дека се молела за закрепнување на нејзината ќерка на гробот на Акутис.

Римокатоличката црква учи дека само Бог може да прави чуда, но дека светците за кои се верува дека се со него на небото се застапуваат во име на луѓето кои им се молат. Необјаснивото исцелување обично се смета за чудо.

Карло Акиуутис е роден во Лондон во 1991 година, но подоцна со своето семејство се преселил во Милано, Италија. По смртта, неговото тело е преместено во италијанскиот град Асизи, каде што неговото почивалиште функционира како светилиште.

Откако му призна две чуда, сега папата Франциски треба да свика состанок на кардиналите за да се договорат околу неговата светост и канонизацијата.

Приказната за Карло Акутис се смета за корисна за Католичката црква бидејќи така таа се обидува подобро да се поврзе со помладите генерации во дигиталната ера.

Акутис, кој се смета за милениумец бидејќи е роден помеѓу раните 1980-ти и средината на 1990-тите – пријателите и семејството го паметат како уживал во играњето видео игри како што се Хало, Супер Марио и Покемон.

Поради својата „важна улога во евангелизацијата на Интернет“, Акутис минатата година беше прогласен за покровител на Светскиот ден на младите во Лисабон, објавија организаторите на тој настан.