Привршува изградбата на пречистителната станица во Дојран

30

Привршува изградбата на новата и модерна пречистителна станица во Дојран. Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, вели дека ова е најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро од кој сите ние, а и идните генерации, ќе ги почувствуваме придобивките.

– Средствата се обезбедени од Владата и од Амбасадата на Словенија и прашање на денови е кога целосно ќе заврши изградбата на овој капитален објект. Заеднички решаваме децениски проблем и го реализираме најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро и на животната средина. Очекувам набргу да добиеме нова и модерна пречистителна станица, која ќе биде ставена, пред сè, во функција на заштита на езерото – напиша Ангов на „Фејсбук“.

Инаку, изградбата на овој капитален објект чини 4,5 милиони евра, од кои околу 60 отсто се обезбедени од Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а другите од Амбасадата на Словенија во нашата држава. Со парите добиени од словенечката Амбасада беа изградени и пречистителни станици во селата Фурка и Црничани, како и канализацискиот систем во Црничани.

 

ИЗДВОЕНИ