Привилегија на белата боја: Само 7 жени во светот можат да носат бела облека пред Папата

61
screenshot Rome reports

Во моментов во светот има седум жени кои не мора да носат црно пред папата и им е дозволено да се појават пред него во бело.

Папата Франциско почина во неделата утрото, а една од своите последни приватни аудиенција ја одржа на 9 април во резиденцијата Каза Санта Марта во Ватикан, каде што се сретна со британскиот крал Чарлс и кралицата Камила по повод нивната 20-годишнина од бракот. Кралицата Камила за оваа пригода носеше црн фустан, но поради титулата не мораше да носи вел.

Имено, според протоколот на Ватикан, жените при средбата со папата треба да носат долги ракави, свечена црна облека и црн превез кој им ја покрива главата. Сепак, постојат исклучоци од правилата.

Привилегија на белата боја?

Само седум жени во светот смеат да носат бело во присуство на папата, според традицијата наречена на италијански „il privilegio del bianco“ или „привилегија на белото“.

Меѓу нив се Шарлин, принцезата од Монако, белгиската кралица Матилда, шпанската кралица Летиција, големата војвотка Марија Тереза ​​од Луксембург и принцезата Марина од Неапол. Освен нив, оваа привилегија ја имаат и две кралици чии сопрузи повеќе не се на тронот, а тоа се шпанската кралица Софија и белгиската кралица Паола.

Постоењето на оваа привилегија не значи дека треба да носат бело. На пример, кралицата Матилда носеше бело кога се сретна со папата во септември 2024 година, додека сопругата на принцот Алберт Шарлин понекогаш знаеше да одбере црн фустан.

Белата облека се носи исклучиво за време на свечена, приватна аудиенција кај папата, најчесто во Ватикан, и со претходна дозвола на Папата.

Тоа е високо протоколарен чин кој ја одразува религиозната припадност и статус во Католичката црква.

ИЗДВОЕНИ