Приведените Ратко Капушевски сопственик на РКМ ЕНЕРЏИ и Асмир Јахоски сопственик на Пуцко Петрол како и уште неколкумина опфатени со кривичната пријава на МВР за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино се уште не се донесени во Кривичниот суд бидејќи ОЈО за организиран криминал ја нема добиено пријавата како би донеле наредба за истражна постапка, а надлежен обвинител подготви предлози за мерки за обезбедување на приведените во синоќешната акција. Според ОЈО тоа би било во текот на денешниот ден односно до попладневните часови кога беа уапсени од нивните домови.
Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на сомнителни деривати.
Според информациите се работи за огромна сума за фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.