Приведени се тројца поранешни градоначалници на Кочани

883

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”.

Од Јавното обвинителство соопштија дека акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации најави по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов.

Љупчо Папазов, кој по пожарот поднесе неотовиклива оставка од функција, беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

Димитровски ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илијев во период од 2017-2021 година.

ИЗДВОЕНИ