Возачот кој денеска удрил велосипедист од Скопје, е лишен од слобода, соопшти попладнево МВР.
– Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје, стои во соопштението на МВР.