Приведен е Мухсин Арифи директорот на Специјализираната болница за геријатриска медицина „13 ноември“ Скопје. Се сомничи дека со уште еден посредник примиле мито за да хоспитализираат пациент. Првичните информации говорат дека станува збор за поткуп од околу 20 000 евра
Информација ја потврдија од МВР и Основното јавно обивнителство. Посочија дека постапуваат за целосно расчистување за настанот.
Во здравствена установа со која раководи Арифи се примаат возрасни пациенти во најтешка здравствена состојба. За хоспитализрање има голема листа на чекање, а бројот на кревети ограничен.
Приведениот директор доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците од крилото на Таравира. Неколку часа по неговото апсење нековите сопартијци испратија соопштение за јавноста. Ги повикуваа државни органи брзо и ефикасно да постапат и секој ако се огрешил пред законот да одговара.
– Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности. АА останува силно посветена на борбата против корупција и темелна реформа на државниот систем со цел сите девијантни појави да бидат сведени на минимум. Албанскиот народ не заслужува да го претставуваат лица кои евентуално се обидуваат нелегално да се збогатат на здравствените маки на граѓаните. Ова е недозволиво и надвор од принципите кои ги застапуваме, се вели во партиското соопштение на Алијансата за Албанците
Арифи беше назначен за в.д. директор на Геријатрија во јули минатата година од министерот за здравство Арбен Таравари. Претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.