Директорот на фудбалска репрезентација на Македонија, Данчо Масев, бил приведен во полициска акција и се наоѓа во затворот Шутка, а неофицијално неговото приведување е поврзано со групата на Раде Трајковски-Штекли, кој претходно беше уапсен под сомнение за трговија со дрога.
Масев е разрешен од позицијата спортски директор на А-тимот. Одлуката била донесена непосредно пред заминувањето на репрезентацијата за Лихтенштајн, во пресрет на квалификациите за Светското првенство 2026. Вчера од ФФМ излегоа со соопштение во врска со приведувањето на Масев.
-ФФМ нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица. Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата.
Според неофицијалните информации од истрагата во домот на веќе поранешниот директор на ФФМ бил извршен претрес.