Приватен партнер ќе се грижи за осветлувањето во Карпош

43

Општина Карпош ќе започне постапка за јавно приватно партнерство за одржување на осветлувањето на нејзина територија. Советниците на Општина Карпош, на последната седница, ѝ дадоа зелено светло на одлуката за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за давање услуги на јавно осветлување во Општината.

Проценета вредност на договорот за воспоставување јавно приватно партнерство е 147.470.000 денари. Договорот е со важност од 10 години.

Според договорот, се предвидува замена на 10.000 метри подземна инсталација од постојните 112.000, замена на 10.000 метри воздушна инсталација од постојните 44.000 метри, замена и одржување на 5,5 метри столбови, односно 1.230 од вкупно 4.500 столба, замена и одржување на 8 метри метални столбови, односно 20 од вкупно 550, замена и одржување 8 метри дрвени столбови, односно 300 од вкупно 1.100. Потоа, бојадисување и означување на сите 4.500 метални столба, означување на сите 110 дрвени столба со метална плочка со бројки и букви, сечење гранки на околу 2.000 дрва, најмалку еднаш годишно. Воедно, и замена на светилките, и тоа: тип 1 LED интелигентна светилка со LED модули 10W + 25W и комуникатор во NEMA кутија над самиот капак, 430 парчиња и тип 2 LED интелигентна светилка со LED-модули 25W + 50W и комуникатор во NEMA кутија над самиот капак, 20 парчиња. Иста така, и одржување систем, сервер и негово хостирање, комуникација за GSM во ормани, како и одржување на елементите во управувачкиот систем и финансирање на договорот за јавно-приватно партнерство од страна на приватниот партнер.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ