Притвор за малолетен дилер од Аеродром кај кој се пронајдени 200 кесички марихуана

262

Вчера околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана, соопшти МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор против дете во судир со законот на возраст над 16 години.

На паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал 17-годишникот држел повеќе помали пакувања наркотична дрога марихуана, чија точна количина е предмет на вештачење. Дрогата била спакувана и подготвена за натамошна неовластена продажба. Врз основа на обезбедените докази постои основано сомнение дека детето извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по предлогот на обвинителството, судијата за деца донесе решение со кое определи мерка притвор за малолетникот.

ИЗДВОЕНИ