На мајката (34) на тригодишното девојче по чие тело трет ден се трага во реката Сава денеска и е одреден притвор.
Судот во Загреб соопшти дека уапсената има психички и здравствени проблеми и дека и е одредена мерка притвор поради сериозноста на делото, ризикот да го повтори делото, како и можноста за влијание врз сведоци.
Портпаролот на окружниот суд рече дека мајката на девојчето се бранела со молчење. Таа е осомничена за тешко убиство на блиско лице. Не е познато дали мајката го убила детето пред да го пушти по реката Сава.
Трет ден е проширена потрагата по тригодишно девојче во реката Сава во Загреб, но се уште не е јасно дали мајката (34) го удавила детето или го убила пред да го пушти по реката.
Мајката која во вторникот вечерта сама повикала полиција е уапсена, а сослушан е и таткото на детето, а што точно се случило треба да утврди истрага. Сè, сепак, го отежнува тоа што го нема телото на детето и прашањето дали некогаш ќе биде пронајдено, пишува хрватскиот портал „Индекс“.
Семејството веднаш го ангажирало адвокатот Милко Крижановиќ, но тој вчера објави дека одбива да го застапува случајот и дека на мајката ќе и биде обезбеден адвокат по службена должност.
Порталот дознава дека полицијата го испрашала сопругот на уапсената и уште неколку лица кои би можеле да помогнат во истрагата.
Сопружниците наводно имаат уште едно петгодишно дете, кое е добро. Се уште не е јасно што ја натерало мајката да ја фрли својата двегодишна ќерка во реката Сава. Според порталот, мајката и претходно била лекувана од психички нарушувања.