Притвор од 30 дена за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу нив и екс министерот за економија, Крешник Бектеши

126

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот.

Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.

Приведени се тројца поранешни градоначалници на Кочани

ИЗДВОЕНИ