Пристигнаа резултатите од психијатриското вештачење на осомничените за убиството на Данка Илиќ

16424
 Осомничените за убиството на Данка Илиќ минатиот месец беа испратени на психијатриска оцена во Специјалната затворска болница во Белград. Денеска од Вишото јавно обвинителство во Зајечар за медиумите потврдија дека со наодот на вештачењето осомничените се прогласени за здрави.

-Денеска се добиени извештаите од психијатрискиот вештак од Специјалната затворска болница и според вештачењето тие се пресметливи – соопшти обвинителството.

Според досега добиените резултати од вештачењето на ДНК во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, од девојчето Данка Илиќ нема биолошки траги.

Од ВЈО во Зајечар велат дека се уште трае вештачењето на движењето на возилото на осомниченте врз основа на ГПС уредот и се очекува вештачењето.

Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава. За тоа дело се осомничени двајца мажи од околината на Бор. Братот на еден од осомничените, кој почина во полициската станица во Бор, како и нивниот татко, се приведени во полиција. Во меѓувреме починала мајката на истиот осомничен.