Пристигна прогноза за Лос Анџелес, која ја загрижи цела Америка!

667
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Се што постигнаа пожарникарите од Лос Анџелес со натчовечки напори во последните денови е во опасност да биде уништено, откако пристигна прогнозата која ја загрижи цела Америка. Целиот град се подготвува за најлошото, за силни ветрови и „експлозивен пораст на нови пожари“, пишува Њујорк Тајмс. Десетици илјади евакуирани се обидуваат да најдат засолниште, што го влошува и онака големиот недостиг на станбен простор во градот.

Шефицата на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули, рече дека нејзините противпожарни екипи се подготвени за посилни ветрови кои се очекува да ја зголемат опасноста од пожари, објави NYT. „Ударни тимови и потребната механизација се распоредени низ градот за да се осигураме дека имаме способност брзо да одговориме“, рече таа.

Таа додаде дека „опасноста апсолутно не поминала“ и ги повика жителите да ги почитуваат сите наредби за евакуација.

Новите налети на ветерот би можеле дополнително да поттикнат два монструозни шумски пожари кои веќе срамнија со земја цели градски населби, убија најмалку 24 луѓе и изгореа област со големина на главниот град на САД, Вашингтон.

Сувите, опасни ветрови од Санта Ана во понеделникот дуваа со брзина од 30 до 50 милји на час, но црвениот аларм се очекува до полноќ, кога најсилните налети се очекуваат да достигнат брзина од 75 милји на час, рече Дејвид Рот, метеоролог од Националната метеоролошка служба .

Повеќе од 8.500 пожарникари се борат со пожарите од воздух и од земја, спречувајќи пожарите од двете страни на Лос Анџелес да се шират во текот на ноќта.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, призна дека е многу загрижен за временската прогноза и силните налети на ветерот што ги очекуваат метеоролозите.

Предупредувањата за пожар се издаваат од 122 локални канцеларии за прогноза на Националната метеоролошка служба низ САД. Во овој момент, Националната метеоролошка служба издаде предупредување за „екстремна опасност од пожар“ од Сан Луис сè до Л.А.

ИЗДВОЕНИ