Полната Месечина во Лав која пристигна на 12 февруари во 14 часот и 53 минути ќе има силно влијание врз сите знаци. Сепак, Лавовите, Биковите, Водолиите и Скорпиите посилно ќе го почувствуваат влијанието на полната Месечина во Лав. Нејзините ефекти ќе траат две недели.
Лавот е знак на самодоверба, креативност и страст, па кога полната месечина е во овој знак, ги осветлува нашите желби, амбиции и начинот на кој бараме внимание и признание.
Засилени чувства
Чувствата стануваат засилени, а егото може да биде нагласено, што значи дека можеби сме повеќе склони кон импулсивни реакции, но и кон големи одлуки кои доаѓаат од срце. Ова е момент кога можеме јасно да видиме што нè исполнува, и каде се чувствуваме сакани и ценети, но и каде што можеби сме премногу зависни од потврдувањето на другите.
Енергијата на Лавот поттикнува храброст и желба да бидеме видени, што може да резултира со важни пресвртници во љубовта, кариерата и личниот развој. Страстите се разгоруваат, а желбата за слобода и автентичност станува поизразена од кога било. Овој астролошки момент носи можност да се ослободиме од стравовите и сомнежите кои не спречуваат да блеснеме во полн сјај.
Полната месечина во Лав ќе има силно влијание врз Лавовите, Скорпиите, Биковите и Водолиите.
Лав
Најсилно ќе го почувствувате влијанието на полната месечина бидејќи тоа се случува во вашиот знак. Подгответе се за големи промени на сите полиња. Одлуките што ќе ги донесете во следните две недели ќе имаат влијание врз вашата иднина.
Шкорпија
Полната месечина во десеттата куќа ви носи големи промени на работа или настан кој ќе предизвика пресврт во вашиот професионален живот. Некои Скорпии ќе сакаат да ја сменат работата поради насобраните проблеми.
Бик
Полната месечина во четвртата куќа ви носи семејни проблеми или компликации во однос на вашиот стан. Ќе треба да се реши односот со едниот родител, што значи дека треба да се променат старите модели на однесување.
Водолија
Полната месечина е поттик за крај на врската која е емотивно важна за вас. Ова може да биде деловен или приватен партнер. Некои Водолии ќе имаат голема криза со својот сопружник.