ПРИСТИГНА НЕДЕЛНАТА ПРОГНОЗА: Студени утра со магла, преку ден сончево!

25

Времето утре наутро студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје претежно сончево со слаб променлив ветер.

Следува период на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.